Продолжението во НБА лигата неизвесно, кошаркарите свикаа итен состанок

Дури 97 проценти од кошаркарите во НБА лигата се вакцинирани против коронавирус/фото: EPA-EFE/WU HONG

Иако е се договорено и НБА лигата треба да продолжи во Дизниленд во Орландо со малку поинаков формат, кошаркарите одлучија да свикаат состанок на кој ќе зборуваат дали сезоната треба да биде продолжена.

Според најавите, околу 150 кошаркари преку апликазијата „Zoom“ ќе разговараат дали е безбедно прекинатата сезона поради пандемијата на коронавирусот да се одигра до крајот, пренесува специјализираниот кошаркарски сајт „Клачпоинтс“ (Clut5chpoints).

Доколку исходот од состанокот биде таков што играчите ќе се согласат дека нема враќање на паркетот, тоа ќе значи дека НБА лигата нема да добие шампион за оваа сезона.

НБА кошаркарите се загрижени поради хаосот кој коронавирусот го направи низ целиот свет и не сакаат да ризикуваат, иако челниците на НБА како и сопствениците на екипите, потенцираат дека фудбалот во Европа се врати и засега нема проблеми.

Претседателот на Унијата на кошаркари, Малком Брогдон изрази загриженост поради враќањето на теренот и притоа открива дека неколкумина играчи му се пожалиле дека не се подготвени да играат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот