Артан Груби останува во домашен притвор, сѐ уште не дал исказ пред обвинител
Поранешниот вицепремиер Артан Груби останува во домашен притвор, додека истрагата за предметот и натаму трае, објави „Шења“.
Препорачано
Според достапните информации од скопскиот Кривичен суд, иако бил изведен пред судот „и поминал низ повеќечасовни постапки“, Груби не се изјаснил за наводите што му се ставаат на товар.
Во меѓувреме, надлежните органи продолжуваат да собираат докази за случајот, кој се однесува на сериозни сомневања за злоупотреби во Државна лотарија, при што штетата се проценува на 8,2 милиони евра.
Груби, кој повеќе од една година беше недостапен за органите на прогонот, во земјава беше приведен на граничниот премин Блаце при обид за влез од Косово.
Груби уште не дал исказ, предметот за „црната листа“ е во предистрага
За што се обвинети Груби и Перперим Бајрами?
За „Лотарија“ освен Груби е обвинет и Перперим Бајрами, кој сè уште е во бегство.
Според Обвинителството, Бајрами, кој бил претседател на Управниот одбор и генерален директор на „Државна лотарија“, на 9 мај 2023 година електронски до Владата во својство на Собрание на акционери на друштвото доставил информација за потребата од преземање активности за самостојно приредување електронски игри на среќа, при што било предложено да се спроведе постапка за набавка на ВЛТ-терминали и нивно имплементирање.
Проценетата вредност на таквата набавка изнесувала 42 отсто од сметководствената вредност на друштвото определена со последните финансиски извештаи, односно станува збор за голема зделка за која во согласност со закон е предвидена постапка за одобрување од Управниот и од Надзорниот одбор на „Државна лотарија“, а не од Собранието на акционери.
Груби е осомничен за „Проневера во службата“ затоа што како вицепремиер претседавал со седницата на која Владата ја задолжила Државна лотарија да набави ВЛТ-терминали за да почне самостојно да организира електронски игри на среќа. По истрагата имаше правни толкувања дека Груби, иако претседавал со седницата, не може да одговара за колективна одлука на Владата.
Артан Груби веќе е во Шутка – објавено е видео на кое се смешка додека го апсат
Како избега?
Груби избега на крајот на декември и откако беше објавено дека е во бегство, тој излезе со објава на својот фејсбук-профил на која напиша: „Денеска бев во приватна посета. Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате. Редовно патував со моите патни исправи и за ова е известено и моето лично полициско обезбедување. Веднаш штом ги завршам обврските, ќе се вратам дома при моето семејство“, напиша Груби.
За неговото бегство беше казнет граничен полицаец што, според верзијата на власта, наместо да гледа во мониторот дека Груби е на „стоп листа“, тој правел муабет со него.
Случајот предизвикува силен интерес во јавноста, каде веќе се отворија реакции за начинот на кој се постапува и за одлуките околу притворот, особено бидејќи станува збор за поранешен висок државен функционер.


