Проблемите само доаѓаат: Што може повеќе овој Челзи?

фото: твитер

Поранешниот дефанзивец на Челзи и француската репрезентација, Франк Лебеф смета дека не треба ништо да се очекува од „сините“ до крајот на сезоната.

Челзи поради забраната за доведување на играчи не ангажираше нитуедно засилување во текот на летниот преоден рок минатата година.

Иако забраната пред јануари беше укината, на „Стемфорд бриџ“ и во текот на зимскиот преоден рок изненадувачки не се реализира ниту еден трансфер. Се шпекулира дека клубот би можел да се ослободи од услугите на голманот Кепа.

– Се грижам. Мораме да им оддадеме признание на останатите екипи, никој нема да се откаже, сите сакаат да бидат на местото на кое е Челзи – рече Лебеф.

Француската легенда вели дека е задоволен како работи Лампард и како неговите фудбалери играат, но…

– Можно е Тотенхем, Вулверхемптон или Манчестер јунајтед да го престигне Челзи. Не знам дали треба уште нешто да очекуваме од тимот оваа сезона, бидејќи нитуедно засилување не е доведено. На Лампард му е тешко, на сите, но убаво е што се борат.

Челзи моментно е четвртопласиран на табелата во Премиер лигата, што е позиција која обезбедува место во Лигата на шампионите.

Има четири бода повеќе од Тотенхем, кој е на петтото место. Зад третопласираниот Лестер заостанува осум бодови.

Британскте медиуми најавуваат: „Дали пропаѓа сезоната на Челзи? Останатите се засилуваат, а Лампард не успеа да донесе нов напаѓач“.

Со само две победи од седум и тешки мечеви што доаѓаат, би можеле да дојдат само нови проблеми во лондонскиот клуб.

Теми Абрахам, една од ретките светли точки во составот, напаѓачот со 15 голови во сите натпреварувања, и самиот призна дека да се игра за Челзи секогаш постои притисок.

Абрахам моментно е во Дубаи каде што се опоравува од повредата, се очекува за една недела повторно да се насочи кон клупските обврски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот