Проблеми за Интер: Фудбалерите му дадоа корпа на газдата, не се откажуваат од платите

Миланските „нераѕури“ го најдоа наследникот на Ромелу Лукаку/Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Како и што се претпоставуваше, играчите го одбија предлогот на претседателот и сопственик на екипата.

Најавениот предлог на Стивен Жанг наиде на неразбирање кај играчите. Имено, предлогот играчите да  се откажат од две плати беше одбиен од страна на фудбалерите. Никој не сака да го направи тоа за да му помогне на клубот бидејќи тие веќе со согласија на намалување на платите додека трае пандемијата на коронавирусот.

Затоа беше откажана прес-конференцијата на тренерот Антонио Конте пред дуелот со Рома.
Од клубот објавија дека тоа е нивна одлука, но италијанските медиуми шпекулираат дека тренерот Антонио Конте не сакал да се појави пред новинарите бидејќи не сака да одговара на прашања поврзани со финансиската ситуација на клубот.

Сопственикот и претседател на Интер, Стивен Жанг им соопштил на играчите дека клубот нема пари и дека на лето ќе следува продажба на неколку фудбалери, но со тоа ризикува да остане без тренерот Конте кој бара засилувања за да ја нападне и Лигата на шампионите, во спротивно си оди од тимот. Истото го стори во Јувентус кога му ја донесе титулата во Серија А по враќањето од втората лига и кога не доби гаранции за засилувања, тој си замина од Торино.

Втората опција на Жанг е да се намалат договорите на фудбалерите, но тие не сакаат ни да чујат за такво нешто, а згора на тоа бараат гаранции дека Конте и следната сезона ќе седи на клупата.
Сопственикот ќе се обиде поединечно да разговара со секој фудбалер за да ги убеди да се согласат да останат без две плати, но според медиумите во Италија, ово план нема да му успее.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот