Проблеми за Елмас, Гатузо купува играч од Арсенал!?

gianlucadimarzio.com

Почна „револуцијата“ на промени како што најавија италијанските медиуми во изминатиот период со заминувањето на тренерот Карло Анчелоти, а на негово место веднаш дојде екс ѕвездата на Милан, Џенаро Гатузо.

Се шпекулира и дека неколку играчи би можеле да го напуштат клубот од „Сан Паоло“, а меѓу нив е и Елиф Елмас.

Според турските медиуми, Гатузо би можел да го испрати на позајмица Елмас, доколку успее да го ангажира уругвајскиот интернационалец Лукас Тореира, членот на Арсенал, кој исто така игра во средниот ред.

Тореира (23) од 2018. годима има 45 натпревари и три голови, претходно беше дел уште од Пескара и Сампдорија, а за најдобрата репрезентација на Уругвај има вкупно 23 мечеви.

Наполи планира да понуди 21 милион фунти за Тореира кој тешко доаѓаше до стартно место кај Унаи Емери, но кај Фреди Љунгберг за првпат одигра 90. минути.

Во досегашниот дел од сезоната за „наполитанците“ нашиот играч во Серија А сеуште не го постигнал првиот гол во девет натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот