Проблеми во Јунајтед, капитенот удри по Рашфорд

Фудбалерите на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер и Маркус Рашфорд/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Манчестер јунајтед втор натпревар по ред во Премиер лигата игра без голови, вчера „црвените ѓаволи“ ремизираа против Кристал Палас.
Во последното време, играчите на Јунајтед имаат проблем со реализацијата, тие на дуелот со Кристал Палас упатија само еден шут кон голот на Гуаита и за многумина најголем виновник за слабата реализација е Маркус Рашфорд.

По натпреварот, критики на сметка на напаѓачот упати поранешниот капитен Гери Невил, кој изјави дека Рашфорд беше еден од најслабите играчи против К. Палас.
Со него се согласува и актуелниот капитен Хари Мегваер кој влезе во вербален дуел со Рашфорд за време на натпреварот.
Што сакаш од мене да направам“, го праша Рашфорд својот капитен откако беше фатен во офсајдф.
Е**но излези од офсајд“, му рекол Мегваер на напаѓачот.
Наводно потоа, младиот напаѓач упатил серија сочни пцовки кон капитенот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот