Пробајте ја шпанската пита, полна со раскошен фил
Шпанската пита е одлично јадење за појадок или вечера со јогурт, а може да се послужи и како предјадење или како прилог за време на некоја прослава.
Препорачано
Некои ја нарекуваат и царска пита, но состојките што влегуваат во овие две јадења се сепак различни.
Основата и принципот за изработка е многу слична на проја, што значи дека е и многу едноставна за подготовка.
Состојки:
– 4 јајца
– 1-1,5 лажички сол
– 200 мл масло
– 400 мл млеко
– 200 г пченкарно брашно
– 200 г пченично брашно (остро)
– 1 прашок за печиво
– 200 г шунка (пица шунка или некоја друга салама)
– 200 г кашкавал
– 120 г кисели краставички
– 120 г кисела црвена пиперка
Подготовка:
Најпрво исечкајте ги краставиците, пиперката и шунката на ситни коцки, а кашкавалот изрендајте го.
Подгответе соодветен плех, мошне малку подмачкајте го и посипете го со малку брашно.
Земете соодветен сад, па во него изматете ги јајцата со миксер, посолете по вкус, па додајте масло и млеко. Во другиот сад соединете ги двата вида брашно и прашокот за печиво, измешајте и додајте ги во првиот сад со јајцата. Добро измешајте со миксер.
На крајот додајте и ги исечканите краставици, пиперката, шунката и ренданиот кашкавал, па сè добро измешајте, најдобро со лажица.
Смесата сипете ја во плех и печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 45 минути. Питата е готова кога убаво ќе зарумени.


