epa08604127 Lionel Messi of Barcelona reacts during the UEFA Champions League quarter final match between Barcelona and Bayern Munich in Lisbon, Portugal, 14 August 2020. EPA-EFE/Manu Fernandez / POOL

Привремениот претседател на Барса: Јас би го продал Меси!

Привремениот претседател на Барселона, Карлес Тускетс вели дека доколку можеше, ќе го продадеше Лионел Меси минатото лето и воедно откри дека ќе доцнат платите на играчите во јануари.

„Марка“ неодамна објави дека долговите на Барселона во јуни годинава изнесуваат дури 488 милиони евра.

Поради големите долгови, Барселона се согласи да ги намали платите на играчите и членовите на стручниот штаб на клубот, со што заштеди 122 милиони евра оваа сезона и 50 милиони евра во следните три години.

Тукетс изјави дека ќе го продадеше Меси доколку можеше откако Аргентинецот изрази желба да го напушти клубот минатото лето.

– Гледајќи од економска страна, јас би го продал Меси. Кога ќе погледнете што би добиле и што би заштедиле. „Ла Лига“ воведува ограничувања за платите – рече Тускетс.

Тој додаде дека клубот ќе доцни со исплати во јануари.

– Играчите нема да добиваат исплати во јануари. Тие имаат две исплати. Едната во јануари, а другата во јуни. Овој јануари нема да има исплати. Ова е одложено исто како што се одложуваа и другите исплати – додаде Тукетс.

Бомба на Нејмар: Јас и Меси треба да играме заедно идната година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот