Бомба на Нејмар: Јас и Меси треба да играме заедно идната година
По победата над Манчестер јунајтед, фудбалерот на ПСЖ зборуваше за Лионел Меси.
Најголемата трансфер сага изминатото лето беше поврзана со Лионел Меси кој побара да му биде дозволено да ја напушти Барселона.
Тоа не му го дозволи сега веќе поранешниот претседател Хосеп Марија Бартомеу кој побара од заинтересираните екипи да го платат обесштетувањето кое изнесува 700 милиони евра. Очекувано, ниту една екипа не е во можност да ја плати таа сума и Лионел Меси и сезонава го носи дресот на Барселона.
Но, неговото останување на „Камп Ноу“ по завршувањето на сезоната е под знак прашалник бидејќи тогаш му истекува и договорот до Барселона, а засега нема никакви шпекулации за потпишување на нов договор бидејќи во клубот се фокусираат на претседателските избори кои ќе се оздржат на 24. јануари.
Со стартот на сезоната, ги снема и шпекулациите дека Меси ќе потпише за Манчестер сити, но сега за прв пат се појавија нови, кои го селат во ПСЖ, единствениот тим покрај „граѓаните“ кој може да си дозволи да му даде плата која Аргентинецот ја бара.
– Тоа што највеќе го сакам е повторно да играм со Лионел Меси. Сигурно треба да играме заедно наредната година – изјави Нејмар по победата на неговиот тим над Манчестер јунајтед.
Тие двајца во Барселона играа заедно од 2013 до 2017 година и освоијадве титули во Ла Лига, една во Лигата на шампионите и три пати триумфираа во кралскиот Куп.