Приведени осумина насилници, МВР расчисти четири кривични дела

Апсење во Минск/Фото: EPA-EFE/STR

Секторот за внатрешни работи од Скопје расчисти четири кривични дела „насилство” што се случиле изминатиот период на подрачјето на градот и приведе осум лица.

Министерството за внатрешни работи, попладнево соопшти, дека вчера во полициска станица биле повикани А.Т. и О.А., двајцата од Скопје, затоа што на 3 јуни во паркот Чаир физички го нападнале С.Х. при што А.Т. употребил и остар предмет. 

Вчера во полициска станица се повикани и Д.Т. и И.Т. затоа што на 9 јуни физички го нападнале Д.И. од Скопје.

Во средата во полициска станица бил извршен разговор и со А.А. и Б.И. затоа што на 20 јуни на булеварот „Партизански одреди” физички ги нападнале И.Ј.(20) и С.Ј.(27).

На 19 јуни во полициска станица биле повикани и Б.А.(24) и И.Т.(20) затоа што истиот ден физички го нападнале Б.Л.(51).

Од МВР најавуваат соодветни пријави против сторителите по целосно документирање на случаите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот