Приведени девет лица кои го преживеаја бродоломот во Јонско Море

Фото: EPA-EFE

Грчката крајбрежна стража соопшти дека денеска привела девет лица кои го преживеаја бродоломот во Јонско Море, под сомнение дека се дел од групата која го организирала превозот на мигрантите.

Грчката државна телевизија ЕРТ соопшти дека сите осомничени се државјани на Египет.

Тие се уапсени откако полицијата во Каламата испита 104 лица кои го преживеаја бродоломот, во кој загинаа најмалку 79 луѓе.

Во Грција денеска е прогласена тридневна жалост по потонувањето на брод со мигранти во Јонското Море.

Грчката крајбрежна стража досега извлече 79 безживотни тела и спаси повеќе од 100 луѓе, но преживеаните тврдат дека на бродот имало до 750 луѓе.

Портпаролот на преодната влада на Грција изјави дека не може да прецизира колку луѓе имало на потонатиот рибарски брод, кој пловел од Либија кон Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот