Приведен сопственикот на „Тинекс“ Владимир Тодоровиќ

Фото: Giceto / Wikipedia

Синоќа на граница е приведен Владимир Тодоровиќ, сопственик на ланецот маркети „Тинекс“ и поранешен градоначалник на Општина Центар. Во полициска акција, приведен и поранешниот претседател на Советот на Општина Центар Владимир Здравев.

Од МВР за Слободен печат велат дека вчера (29.06.2023) во попладневните часови и во текот на вечерта од страна на полициски службеници од МВР – Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по налог на ОЈО ГОКК, а со наредба на судија на претходна постапка, лишени се од слобода пет лица во врска со чл.273 ст.5 и чл.353 ст.5 од Кривичниот законик.

Лицата се приведени и задржани во полициска станица и во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка. Неофицијално, дел од лицата се уапсени на  граничниот премин Табановце, дел на Скопски аеродром.

Според нашите извори, приведувањето е за набавка на опрема на мостот Око. Тоа е проект од времето на ВМРО-ДПМНЕ, „Скопје 2014“.

Во попладневните часови прес конференција најави и Јавното обвинителство токму за овој случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот