Приведен скопјанец за „тешка кражба”

Фото: МИА

Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Кисела Вода денеска го лишија од слобода Т.К.(35) од Скопје.

Како што информира МВР, Т.К. се сомничи дека на 03.12.2022 во периодот од 12.40 до 15.40 од механичарска работилница на подрачјето на Кисела Вода, сопственост на З.А.(39) од Скопје, извршил кривично дело „тешка кражба”. Притоа тој одзел компјутер, голема хидраулична дигалка и голема количина на разновиден механичарски алат и електронски апарати.

По преземени мерки од полициски службеници сторителот на кривичното дело е откриен, пронајден и приведен во полициска станица, а сите одземени предмети се пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот.

Во координација со дежурен Јавен обвинител, по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот