Приведен 31-годишен дилер во Волково

Фото: Архива

Полицијата вчера привела 31-годишен дилер во Волково откако при претрес во неговиот дом била пронајдена дрога.

„На 12.02.2024 во 15.10 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје го лишиле од слобода И.К.(31) од Волково. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба на Основен кривичен суд Скопје, била пронајдена и одземена марихуана“, информираат од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот