Притвор за осомничените за фрлање бомба врз куќата на Здравко Чолиќ
Високиот суд во Белград денеска соопшти дека судијата за претходна постапка им одредил притвор до 30 дена на двајца осомничени за фрлање бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ, а со истата одлука е одреден притвор и за третото лице, пишува „Данас.рс“.
Препорачано
Притвор им е одреден на С.М., М.А. и П.С. за да не влијаат врз сведоците и да не го повторат кривичното дело во краток временски период, а на П.С. и поради опасност од бегство, соопштено е Високиот суд.
Бидејќи обвинетиот П.С. бил приведен на 6 февруари, судијата за претходна постапка на Високиот суд донел одлука на 8 февруари, со која ја оставил во сила претходната судска одлука, со која на обвинетиот, меѓу другите, му бил одреден притвор, кој, според таа одлука, може да трае максимум 30 дена.
Против наведеното решение дозволена е жалба против вонпроцесниот кривичен совет на Високиот суд во Белград, во рок од три дена од приемот на решението, се наведува во соопштението.
Врз куќата на Здравко Чолиќ на 3 февруари беше фрлена експлозивна направа која предизвика голема материјална штета.
Експлозијата предизвикала голема материјална штета, но за среќа никој не бил повреден..
Здравко Чолиќ во тој период се наоѓал во Хрватска поради деловни обврски.
Колку чини куќата на Дедиње на Здравко Чолиќ, врз која беше фрлена бомба?


