Пристојно убави и доволно шик: Каков треба да е дрес кодот на ТВ лицата?

тв снимање
Фото: Пиксабеј

Tв лице е професија која ултимативно изискува работна облека, униформа од посебен вид. Визуелната појава на тв фаците како дел од од севкупната слика која се емитира од тв екраните треба да е предмет на посебен третман, исто како што е светлото, звукот или режијата. Ниту помалку ниту повеќе.

А тука потребата говори дека се работи пред се за суштина која е знаење, а кое секако подразбира познавање, осет, талент, искуство и знаење, односно посебна дејност, професија сама за себе, која се нарекува стилист.

Но дали и колку сите ТВ куќи ја осознаваат нужноста од овој факт како приоритет, колку успеваат во реализацијата на визуелниот идентитет на телевизијата, колку се задоволни од ситуацијата и размислуваат ли за вложување напори во тој сегмент?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Liana Wall (@liana_wall)

За овие прашања се упативме до првите лица на телевизиските куќи (Младен Чадиковски- 24 ТВ, Снежана Лупевска ТВ Телма, Јани Бојаџи Алфа ТВ, Ристо Самарџиски ТВ Сител) кои беа крајно љубезни да нè удостојат со одговори на поставената тема.

Малата анкета се покажа прилично едногласна. Сите од ред се согласуваат за иманентната потреба од таков елемент во телевизиската поставеност, неопходноста и битноста на визуелниот момент, но дека сега за сега поради неповолноста на ситуациите во кои се наоѓаат телевизиите не се во можност да удоволат на оваа потреба.

Во минатото имале периодични  напори од тој тип, но во моментов кај сите решението се изнаоѓа во интерни соработки со одредени модни извори засновано на конкретната понуда, како некаков компромис за решавање на “проблемот“.

Едногласни се и во одговорот дека кога би се создале услови секако би се погрижиле за ангажирање на професионалец кој би се грижел за осмислување на вистинска соодветна слика на ТВ ликовите, како ниво погоре во севкупното работење на телевиизиите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DARIA ❤️ (@daria_diva_)

Иако, рака на срце, вистински професионалци од тој вид кои ја познаваат целокупната методологија на работата на телевиизите се исклучително малку, прашањето би било дали ќе знаат да се препознаат да се ангажираат токму оние кои базично ќе знаат да одговорат на дефиницијата на дрес кодот на ТВ лицата.

А таа од прилика би гласела : Формално ама шик, елегантно, но модерно. Доволно впечатливо да го задржи погледот, но сумирано во рамка која не го одвлекува вниманието. Смирена база со суптилни детали. Безвременски основи со модерни детализирања. Башка да знае како функционира сценографијата, светлото, боите и индивидуалните физички карактеристики.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by M. Dobos Marianne (@m.dobosmarianne)

Нешто на кое се разбира, не секое ТВ лице умее да одговори, па секој индивидуален напор колку и да е неуспешен мора да се признае дека сепак е напор. Би било убаво ама секако утописки, кога сите телевизиски персони уманентно би поседувале истенчено естетско чувство и би се одликувале со особен стил. Но рака на срце тоа не спаѓа во описот на работното место презентер, водител или новинар кој се појавува пред камера.

Па во дијапазонот од оние кои не умеат да ја погодат поентата, преку солидните снаоѓања кај повеќето, до оние кои благодарение на сопствениот усет за стил ја бранат честа на визуелниот момент и служат како примери кои треба да се следат со задоволство би ги издвоиле:

Гордана Ѓорчева (МТВ)

Гордана Ѓорчева
Фото: Приватна архива

Марија Атанасова (ТВ Телма)

Марија Атанасова
Фото: Приватна архива

Билјана Дебарлиева (Канал 5 ТВ)

Билјана Дебарлиева
Фото: Приватна архива

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот