Приштина: Одложено судењето за убиството на Оливер Ивановиќ

Рочиштето за случајот за убиството на косовскиот српски политичар Оливер Ивановиќ, во специјалното одделение на Основниот суд во Приштина, кое беше закажано за утре, е одложено за петок, изјави за „Танјуг“ адвокатката Јована Филиповиќ.

Рочиштето е одложено бидејќи Милена Поповиќ (невенчаната сопруга на Ивановиќ) нема да може да одговори и да биде сослушана утре“, рече Филиповиќ.

Таа прецизираше дека судењето се очекува да продолжи во петок со почеток во 9:30 часот и дека тој ден преку видео врска ќе биде сослушана Милена Поповиќ.

Оливер Ивановиќ беше убиен на 16 јануари 2018 година со шест истрели во грбот пред канцеларијата на неговата партија во Косовска Митровица.
Вкупно шестмина: Силвана Арсовиќ, Раде Басара, Марко Рошиќ, Недељко Спасојевиќ, Драгиша Марковиќ и Жарко Јовановиќ се обвинети за учество во организирана криминална група поврзана со неговото убиство.

Првото обвинение за убиството на Ивановиќ беше покренато на крајот на 2019 година, а во моментов се суди и третото изменето обвинение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот