Фото: Скопје ЗОО

Принова во Зоолошка, се роди двогрба камила

Од скопската Зоолошка градина соопштија дека нивните двогрби камили по третпат добија принова.

„Вчера во ЗОО Скопје се роди ова мало преслатко камилче на мама Мираи и тато Карло и е трето дете во фамилијата после неговите брат и сестра Буби и Ками“, велат од Скопје ЗОО.

Оттаму посочија дека мајката Мираи и малото бебе ноќта ја поминале изолирани од другите членови на семејството, со цел да бидат под надзор, а веќе од денеска новороденчето е надвор од изолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот