Принцот Филип имал операција на срцето, закрепнува во болницата

EPA-EFE
Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Пред неколку дена, состојбата на принцот Филип се влоши. Како што пренесуваат странските медиуми тој првично беше примен во болницата „Кинг Едвард VII“ во Лондон затоа што се чувствувал лошо, а потоа бил префрлен во друга болница бидејќи се борел со инфекција.

99-годишниот принц Филип имал операција на срцето, пренесува „Mirror“. Од Бакингемската палата соопштуваат дека операцијата била успешна и дека принцот ќе остане во болницата „Свети Бартоломеј“ уште неколку дена додека не се опорави целосно.

epa-efe
EPA-EFE/ANDY RAIN

Од палатата потенцираа дека здравствената состојба на принцот не е поврзана со коронавирусот. Но, на социјалните мрежи многумина коментираат дека само денесетина дена пред да биде примен во болница, принцот Филип и кралицата Елизабета Втора ја примиле вакцината против ковид-19.

Филип поголемиот дел од времето изминатиов период го поминувал во замокот Виндзор со 94-годишната кралица, поради безбедносни причини поврзани со пандемијата на коронавирусот. За нив се грижеше нивниот персонал и не примале никакви посети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот