Принцот Чарлс: Се извлеков, имав голема среќа
Британскиот принц Чарлс (71), наследникот на тронот, изјави дека „лесно му се провлекол“ на вирусот КОВИД-19, од кој заболе на почетокот на епидемијата во март.
Тој, откако дозна дека е позитивен на коронавирусот, се повлече во самоизолацја, а во текот на боледувањето имал само благи симптоми, изјави тој за Скај Њуз.
„Имав среќа, но го имав тој вирус и целосно можам да сфатам низ што се поминуваат луѓето кои се заболени од него“, изјави британскиот принц и додаде дека сочувствува со оние кои некого загубиле.
Откако тој дозна дека е заболен, се повлече седум дена во карантин во својата куќа во Балморал, а неговата сопруга Камила (72) се тестираше и не беше позитивна на коронавирусот.
За време на карантинот сопругата Камила го избегнувала Чарлс плашејќи се да не се зарази, а бидејќи нивната вила е огромна тие во карантинските денови не се ни сретнале.
Нешто што јавноста го слушна со неверување е тоа дека принцот Чарлс многу брзо го победи коронавирусот, односно за една недела.