Принцот Чарлс иако се излекува од коронавирусот се уште не може да го поврати чувството за мирис и вкус (ФОТО+ВИДЕО)

принц чарлс
Принц Чарлс / Фото: Profimedia

Иако поминаа три месеци, принцот Чарлс вели дека сѐ уште не го вратил своето чувство за мирис и вкус откако се зарази со коронавирусот во март, на самиот почеток на пандемијата на коронавирусот.

Британскиот принц со здравствените работници зборуваше за неговата здравствена состојба и искуството од инфекција со коронавирус за време на посетата на Кралската болница во Глочестершајр.

instagram

Тој при босетата на болницата беше придружуван од неговата сопруга, војвотката од Корнвол, која рече дека персоналот го покажал „најдоброто лице на Велика Британија“.

Притоа, постојано и двајцата ги следеле правилата за оддалеченост од два метри.

instagram

Нивната посета во болницата бил првиот јавен настап на двојката откако се воведени строги мерки за ограничување во Британија.

Принцот јавно признал дека се уште нема чувство за мирис и вкус откако успешно се излекува од коронавирусот во месец март.

instagram

Војвотката Камила изјави дека минатиот викенд тие ја оствариле својата прва вистинска средба со внуците, велејќи дека тоа е „одличен настан“ кој го потпомага лекувањето и психофизичката состојба, но сепак се уште не можеле да ги гушнат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот