инстаграм

Принцезата Шарлот ќе го прослави петтиот роденден, откриено како ќе учествува и кралицата

Вилијам, Кејт и нивните три деца, шестгодишниот Џорџ, славеничката Шарлот и двегодишниот принц Луис, се во изолација во Норфок.

Британската принцеза Шарлот ќе го прослави својот петти роденден со торта, игри и видеоповик на „Zoom“ со својата прабаба, кралицата Елизабета.

Војводата и војвотката од Кембриџ ќе организираат видеоповик со цел Шарлот следната сабота да може да ја помине со семејството и пријателите и притоа да се придржува до мерките за физичка оддалеченост воведена во борбата против пандемијата на коронавирусот.

Вилијам, Кејт и нивните три деца – шестгодишниот принц Џорџ, славеничката Шарлот и двегодишниот принц Луис се во изолација во Норфок, но ќе се потрудат Шарлот да се забавува на својот роденден следната недела и покрај неизбежните околности на кои коронавирусот го принуди светот.

Вилата Анмер Хол, кралскиот свадбен подарок за Вилијам и Кејт се наоѓа на простран имот во Сандрингем. Семејството може да ужива во долгите прошетки и пикник, а и понатака да биде во изолација.

– Прабабата ќе и се придружи на нејзиниот голем ден, откри изворот за „The Sun“.

Кралицата со својот сопруг престојува во дворецот Виндзор. Војводата од Единбург, 98-годишниот принц Филип е многу поврзан за малечката Шарлот и исто така ќе учествува во видеоповикот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот