Принцот Хари планира да сними документарец за својата покојна мајка Дијана: Ќе ја открие ли вистината?
Британскиот принц Хари планира да сними „екстремно опасен“ документарец за неговата покојна мајка, принцезата Дијана. Документарецот ќе се емитува на Нетфликс, а кралскиот експерт Ричард Фицвилијамс процени дека потенцијалниот проект би можел да има „опасни“ последици.
Препорачано
Документарецот доколку се сними, наводно ќе биде објавен во 2027 година, токму на 30-годишнината од смртта на принцезата Дијана. Зборувајќи за можниот проект, поранешен службеник за кралска заштита му се обрати на принцот Хари, велејќи му „ да го вклучи мозокот пред да ја отвори устата“ и да ги запре теориите на заговор за смртта на принцезата Дајана, пренесува „Њуз“.
Иако документарецот не е потврден од Нетфликс и од принцот Хари, кралскиот експерт Ричард Фицвилијамс ги сподели своите мисли за потенцијалниот проект, велејќи дека доколку се емитува таков документарец, тоа би ги загрозило сите шанси Хари да се смири со кралското семејство.
„Од неговите мемоари знаеме колку длабоко ја сакал својата мајка и колку бил тажен поради нејзината смрт. Доколку предложениот документарец содржи нешто контроверзно, тоа сериозно би го загрозил односот на Хари кој вели дека го сака со своето семејство, иако несомнено би ја привлекол публиката на Нетфликс“, рече Фицвилијамс, prenesuva „Б92“.


