Принцот Џорџ и принцезата Шарлот вчера скршија многу срца, ова беше нивната прва и најважна улога

принц џорџ
Принц Џорџ и принцезата Шарлот / Фото: WPA-Pool/ MEGA / The Mega Agency / Profimedia

Правнуците на кралицата Елизабета Втора беа најмладите ожалостени во погребната поворка на кралицата. Двете најстари деца на принцот Вилијам и неговата сопруга, принцезата Кејт беа со нивните родители.

Присуството на принцезата Шарлот е потсетник дека владеењето на кралицата стави крај на стотици години машко владеење во британската монархија. Од 2013 година, помладиот син повеќе не може да ја замени постарата ќерка во редот на наследството, што значи дека Шарлот е трета во линијата за тронот.

Деветгодишниот принц Џорџ (кој е втор по редот на тронот по неговиот татко) и неговата 7-годишна сестра, тргнале на училиште само неколку дена пред нацијата да почне да жали за својата владетелка со најдолг стаж.

Улогата на децата во церемонијата сигурно се разгледувала веќе подолго време. На претходните државни погреби на монарси, внуците, а камоли правнуците, обично не играле никаква формална улога. Оваа промена е делумно последица на 70-годишното владеење на кралицата, но и како дел од желбата на сегашната монархија да проектира стабилност во Обединетото Кралство.

Во неделата беше објавено дека присуството на Џорџ и Шарлот на погребот било предложено од „високи советници на палатата“, а неименуван функционер рече дека присуството на Џорџ би било пожелно „само за да се увери нацијата во редот на наследување“.

Нивното присуство многумина потсети на младите Вилијам и Хари кои присуствуваа на погребот на нивната мајка, принцезата Дијана, во 1997 година. „Тоа е една од најтешките работи што сум ги направил“, рече принцот од Велс.

Но, околностите на погребот на кралицата беа различни од погребната поворка на Дијана во која браќата шетаа на отворено со сега веќе кралот Чарлс Трети, принцот Филип и братот на Дијана, Чарлс Спенсер.

Инаку, овој потег многу ги вознемири фановите на кралското семејство бидејќи многумина сметаат дека децата не треба да се изложуваат на вакви тажни настани кои се случуваат пред очите на јавноста.

Повеќе написи на темата:

Принцот Џорџ и принцезата Шарлот пристигнаа на погребот на кралицата во придружба на Кејт и Вилијам

ФОТО | Најемотивната фотографија: Принцезата Шарлот се расплака на погребот на кралицата Елизабета Втора

ВИДЕО: Внуците на кралицата Елизабета бдеат пред нејзиниот ковчег

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот