ФОТО | Најемотивната фотографија: Принцезата Шарлот се расплака на погребот на кралицата Елизабета Втора

Принцезата Шарлот на погребот на нејзината прабаба, кралицата Елизабета Втора / 19 септември 2022 / Фото: Profimedia

Вчера британското кралско семејство се прости со кралицата Елизабета Втора, еден од најдолговечните монарси.

Во капелата Свети Џорџ во Виндзор вчера попладнето беше извршена последната јавна богослужба за кралицата Елизабета Втора.

За време на богослужбата, кралот Чарлс Трети беше видно трогнат и неколку пати за малку ќе заплачеше, особено додека се пееше националната химна. Тој во венецот на ковчегот, кој беше направен со цвеќиња кои лично ги избрал, стави рачно напишана порака до неговата мајка.

„Во љубов и посветено сеќавање“, пишуваше во пораката.

Кралот Чарлс Трети и кралицата сопруга Камила одеа веднаш зад ковчегот додека влегуваа во готската црква за богослужбата, по што следеа принцезата Ана и нејзиниот сопруг вицеадмиралот Тим Лоренс, потоа принцот Ендрју, а зад него и принцот Едвард и неговата сопруга Софи.

Принцот Џорџ и принцезата Шарлот беа со своите родители, принцот Вилијам и принцезата Кејт, а беа следени од принцот Хари и неговата сопруга Меган и други членови на кралското семејство.

Фото: James Whatling / MEGA / The Mega Agency / Profimedia

Еден од најемотивните моменти кои фотографите успеаа за го забележат е моментот кога седумгодишната принцеза Шарлот не успеа да ги сокрие солзите и се расплака на погребот на нејзината прабаба, кралицата Елизабета Втора.

Принцезата Шарлот носеше црн фустан и брош од дијамантска потковица. Тој брош, наводно, ѝ бил подарок од кралицата Елизабета Втора бидејќи Шарлот ја имала истата љубов кон коњите како и кралицата.

Фото: Phil Harris / MirrorPix / Profimedia

Кралицата Елизабета Втора беше погребана по приватна церемонија во Виндзор, соопшти вчера британското кралско семејство.

Во соопштението на веб-страницата на кралското семејство се вели дека таа е погребана „заедно со војводата од Единбург, во меморијалната капела на кралот Џорџ Шести“.

Принцот Џорџ и принцезата Шарлот пристигнаа на погребот на кралицата во придружба на Кејт и Вилијам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот