Принцезата Шарлин повторно го напушти Монако

принцеза шарлин
Фото: Profimedia

Откако пред помалку од две недели таа се врати во Монако, 44-годишната принцеза Шарлин повторно е забележана како влегува во авион.

Принцезата Шарлин се бореше со сериозни здравствени проблеми за време на патувањето во Јужна Африка. Токму поради тоа докторите и забранија да лета со авион. Додека нејзините близнаци и нејзиниот сопруг, принцот Алберт (64) се вратија назад во Монако, таа мораше да остане во својот првичен дом.


Потоа таа конечно се врати во Европа, но не се задржа долго во Монако, туку се лекуваше во болница во странство. Палатата дури во март ја објави среќната вест дека принцезата се вратила кај своето семејство, но очигледно дека престојот во Монако нема да биде долготраен. Таа сега повторно е забележана како заминува од Монако.


Принцезата Шарлин го носи називот најтажната принцеза во светот, а до неодамна кружеа изјавите дека таа всушност додека била отсутна од палатата се лекувала во приватна швајцарската клиника за психијатрија.


Според извештаите на медиумите, по помалку од две недели откако се врати во Монако, 44-годишната принцеза повторно е забележана како влегува во авион. Како што сега пишува италијанскиот весник „Corriere della Sera“, авионот на Шарлин очигледно тргнал кон Корзика. Наводното заминување од палатата се уште не е службено потврдено. Сепак, тоа не е првпат Шарлин да престојува на Корзика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот