Приказни кои ќе ве насмеат: Маријан Ѓорѓиевски за неговата баба-цимер во „Еден на Еден“ (ВИДЕО)

Како изгледа тоа кога стендап се прави на пазар, меѓу тезги, или пак на пауза на турнир на мал фудбал, знае стендап комичарот Маријан Ѓорѓиевски.

Маријан ќе биде гостин во новата Еден на Еден кај Жаре, во недела од 18.30 на Канал 5. Оваа емисија е снимена во студио, уште пред да започне пандемијата поради коронавирусот, и ќе се емитува во време кога на сите ни е потребно смеење и добро расположение.

Битолскиот актер ќе раскаже и времето кога за првпат дошол да живее во Скопје и цимерка му била една постара госпоѓа.

Една од интересните негови приказни е искуството од патувањето во Уганда. Со Маријан никогаш не е здодевно, а дел од она што ќе го гледаме во недела, погледнете во приказната за бабата-цимер:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот