Пригожин со нови критики кон Шојгу: Се обидува да нѐ уништи

Евгениј Пригожин/ Фото: Social media / WillWest News / Profimedia

Евгениј Пригожин, основач на руската платеничка група Вагнер, го обвини рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу дека намерно не дозволил да им се испрати муниција на неговите борци. Оваа изјава доаѓа во време на растечко ривалство меѓу Пригожин и делови од руската елита, пишува „Ројтерс”.

Во седумминутната аудио порака, која беше објавена вчера, очигледно лут и емотивен Пригожин рече дека од него се бара „да се извини и послуша“ доколку сака да обезбеди муниција за своите војници. „Не можам да го решам овој проблем и покрај сите мои врски и контакти“, признал шефот на Вагнер.

Тој е убеден дека руското воено производство е доволно за снабдување на силите што се борат на фронтот и дека тешкотиите во снабдувањето со кои се соочуваат неговите борци се резултат на свесни одлуки. „Оние кои ни попречуваат во обидот да победиме во оваа војна, апсолутно, директно работат за непријателот“, рече тој.

Од избувнувањето на конфликтот, Пригожин јавно „се скара” со генералите и претставниците на Кремљ, обвинувајќи ги за недоволна ревност во спроведувањето на воената кампања против Киев. Тој ги резервира своите најжестоки критики за руското Министерство за одбрана, кое го обвини дека се обидува да ја преземе заслугата за достигнувањата на бојното поле на Вагнер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот