Прибак апелира пред Ф4: Не смее Вардар да се распадне!

Фото: facebook.com/Karacic

Во краток разговор со поранешниот ракометар на Вардар кој имаше исто така славни моменти во „црвено-црниот“ дрес, Немања Прибак анализира пред стартот на Ф4 турнирот во ЛШ.

Во ударниот вечерен термин утре од 18.00 часот Вардар игра против Барселона од која загуби двапати оваа сезона во групната фаза:

– Искрено, Барселона е фаворит на овој дуел. Но, од друга страна Вардар има големи шанси. Ќе игра без притисок и нема што да загуби – ни изјави Прибак.

Нашиот повремен репрезентативец кој ги бранеше боите на Вардар од 2007-2009 и од 2012-2015 година, со шампионски титули и еден од милениците на вардаровите навивачи , изрази загриженост поради лошата ситуација во која се најде клубот и финансиските проблеми:

– Голема штета е клубот да се распадне, тоа не смее да се дозволи. Апелирам до политичарите и бизнисмените будно да ја следат ситуацијата со Вардар. Многу е важно Вардар да опстане на некое нормално ниво. Секоја чест за момците за оваа сезона, беа фантастични – додаде 35-годишниот играч кој до сега беше дел од турскиот Бешикташ.

Утрешната саботна програма и ракометниот спектакл во „Ланксес“ арената од 15.15 часот ќе ја започнат екипите на Веспрем на нашиот Дејан Манасков и Келце.

– Што се однесува до другиот полуфинален меч во Келн, очекувам унгарскиот Веспрем да се најде во финалето. Играчите на оваа екипа влегоа во форма, мотивирани се, имаат самодоверба. Го имаат голманот Арпад Штербик кој може да донесе голема разлика на самите мечеви – заврши Прибак со својата анализа.

Ракометарите на Вардар веќе се во Келн, иако невообичаено имаа долг пат до германскиот град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот