Превентивни активности на СВР Тетово ,,Пламените јазици се незапирливи”
Полициски службеници на СВР Тетово – Отсек за превенција во содејство со Шумска полиција денеска на неколку пунктови долж регионалниот пат Тетово – Волковија спроведоа повеќе активности под мотото „Пламените јазици се незапирливи”. На голем број граѓани, претежно возачи им делеа наменски изработени летоци со информации и совети – како и што треба да прават и направат да превенираат настанување на пожари.
Препорачано
– Притоа, посебно им беше укажано да се воздржат од палење огнови на отворен простор, на ниви и во шумски подрачја, да не фрлаат отпушоци и не изгаснати догорчиња и, пред се, да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништа на нивите во Полошкиот регион. Возачите, исто така, беа поблиску запознати и со законските импликации за намерно или од невнимание предизвикување на пожари, а што претставува и кривично дело, зависно од околностите и крајните материјални и други последици, информира Марјан Јосифоски.
Денешните активности се во координација со МВР, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство-Шумска полиција и Јавното претпријатие Национални шуми. Нивна цел е подигнување на превентивната свест и култура на граѓаните за спречување на пожарите и за зачувување на шумите и другата вегетација во регионот.


