Домен Превц/ EPA/ANNA SZILAGYI

Превц победник и на скокалницата во Гармиш-Партенкирхен

Словенечкиот ски-скокач Домен Превц ја продолжи својата импресивна серија на турнејата „Четири скокалници“, забележувајќи нов триумф, овојпат на натпреварот во Гармиш-Партенкирхен.

По победата во Оберсдорф, Превц уште еднаш потврди дека се наоѓа во извонредна форма, оставајќи ги зад себе Јан Херл и Штефан Ембахер. Иако конечниот победник на престижната турнеја ќе биде познат по натпреварите во Инсбрук и Бишофсхофен, јасно е дека словенечкиот ас е на вистинскиот пат кон најголемиот успех во својата кариера.

За разлика од него, неговиот сонародник Тим Зајц повторно немаше среќа. Како и во Оберсдорф, тој беше дисквалификуван и одново поради тоа што неговата облека била пократок за четири милиметри од дозволеното.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот