Претставничката на ОН во Ирак: Ова мора да запре

Специјалната претставничка на генералниот секретар на ОН во Ирак, Жанин Хенис-Плашарт, повика на прекин на насилството во Ирак, каде во петдневните протести загинаа речиси 100 луѓе.

– Длабоко ми е жал за неразумната загуба на животи. Пет дена пристигнуваат извештаи за загинати и повредени – тоа мора да запре, напиша Хенис-Плашарт на Твитер.

Таа ги повика „сите страни да запрат и добро да размислат”, истакнувајќи дека одговорните за насилството треба да одговараат.

– Духот на единство нека превладее во Ирак – порача специјалната претставничка на Антонио Гутереш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот