Пресврт, Игало останува во Јунајтед

фото: твитер

Иако пред неколку денови се појави информација дека напаѓачот на Манчестер јунајтед ќе го напушти тимот на крајот од сезоната и ќе се врати во Кина, денеска нов пресврт во настаните.

Англискиот тим успеа да се договори со Шангај и Игало ќе истане на „Олд трафорд“ до јануари идната година.


Игало во зимскиот преоден рок пристигна во Манчестер јунајтед и на осум натпревари постигна четири гола, а со прикажното на тие натпревари го натера менаџерот Оле Гунар Солскјер да лобира кај управата да го откупат неговиот договор од Шангај.

Постои можност на напаѓачот да му се оствари желбата да остане подолго во аснглискиот тим, а за тоа ќе биде одлучувано во јануари идната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот