ПРЕПОРАКИ ОД ИЗОЛАЦИЈА: Правиме украсни перничиња со Слаѓана Давчева

Слаѓана Давчева од Велес, мајка на две дечиња, времето дома си го разубавуваат со правење на украсни перничиња со помош на стари џемпери.

Слаѓана за читателите на Слободен печат ја споделува постапката на изработка на украсни перничиња.

-Не е некоја филозофија, потребно е само стар џемпер, стари копчиња во различни форми, бои и големина, игла, конец и фантазија. За презентирање на постапката употребивме стар сив џемпер, го исековме на половина, со што добивме само две страни за шиење. Ја сошивме едната страна, а копчињата и полнењето е избор како вие сакате. Потоа, од другата страна сошивме и копчиња за затворање, внатрешни. И тоа е сè. Лесно е, а децата уживаат во оваа креативна забава.

Во продолжение, еве ја постапката низ фотографии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот