Премногу луѓе се собраа, прекинато носењето на олимпискиот оган!

фото: твитер

Одлуката е донесена во координација со грчкото Министерство за здравство и Меѓународниот олимписки комитет…

Грчкиот олимписки комитет денеска го откажа понатамошното пренесување на олимпискиот пламен низ државата за да избегне собирање на повеќе луѓе, што може да го зголеми ризикот од ширењето на коронавирусот.

Олимпискиот пламен беше запален во четвртокот, а неговото патување во Грција требаше да трае седум дена пред да им биде предаден на организаторите на Игрите во Токио на 19 март.

Но, на патот на олимпискиот оган и холивудскиот актер Џералд Батлер се собраа стотици луѓе во грчкиот град Спарта, па веднаш беше одлучено да се прекине со неговото носење.

Одлуката е донесена во координација со грчкото Министерство за здравство и Меѓународниот олимписки комитет:

– Одлуката беше тешка, но и суштинска – соопштија од Олимпискиот грчки комитет.

Информациите велат дека досега се потврдени 190 заразени од коронавирусот во Грција, а едно лице починало.

Во изминатиот период организаторите на свеченоста на палењето на олимпискиот оган во древната Олимпија ги засилија мерките за да се спречи ширење на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот