Премијата од милион евра српските фудбалери ќе ја донираат за лекување на болни деца

Хуман гест на најдобрите српски фудбалери после пласманот на СП 2022/Фото: twitter.com/FSSrbije

Најдобрата српска репрезентација го слави пласманот на Светското првенство во Катар 2022 после триумфот во Лисабон над Португалија.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ им вети еден милион евра на фудбалерите доколку успеат да се пласираат на Мундијалот.

Тоа се случи во текот на денешниот ден откако парите беа префрлени на сметката на Фудбалската федерација на Србија.

Фудбалерите на Србија се одлучија за хуман гест после големиот триумф на стадионот „Да Луж“ (1:2).

Избраниците на селекторот Драган Стојковиќ – Пикси одлучија ваквата премија да ја донираат во хуманитарни цели за лекување на болни деца.

ВИДЕО: Легендарната изјава на Пикси пред мечот со Португалија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот