ВИДЕО: Легендарната изјава на Пикси пред мечот со Португалија

Србите подготвени за Светското фудбалско првенство/фото: EPA-EFE/ANTONIO COTRIM

Фудбалската репрезентација на Србија со вчерашната победа во Лисабон над селекцијата на Португалија (2:1) се пласираше на Светското првенство.

А селекторот на српската селекција, Драган Стојковиќ го „исполни“ ветувањето дадено на прес конференцијата неколку дена пред одигрувањето на натпреварот.

Тогаш новинар го праша стратегот дали „евентуалниот пласман во Катар би бил негов најголем тренерски успех“ во кариерата, еве како одговори Пикси:

– Каков бре евентуален? Каков бре евентуален, мораме да одиме во Катар – рече тогаш Стојковиќ и го „исполни“ ветувањето.

Иако Португалците водеа уште од стартот на првото полувреме, Србија направија целосен пресврт во Лисабон со погодоците на Тадиќ и Митровиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот