Српските фудбалери наградени со еден милион евра за пласманот на Светското првенство

Српските фудбалери ќе добијат и 12 милиони евра од УЕФА за пласманот на Мундијалот/Лисабон, Португалија/14 ноември 2021/Фото: EPA-EFE/ANTONIO COTRIM

Еден милион евра се префрлени на сметката на Фудбалската федерација на Србија за победата на нивната најдобра репрезентација против Португалија и пласманот на Светското првенство во Катар во 2022 година.

Пред мечот во Лисабон, претседателот на Србија Александар Вучиќ им вети на фудбалерите награда од еден милион евра доколку триумфираат над Португалците.

Тоа и се случи, а одлуката за трансфер на парите е донесена на седницата на Владата на Србија.

Србите иако беа во негатива на гостувањето на стадионот „Да Луж“, на крајот направија пресврт со головите на Тадиќ и Митровиќ.

Воедно како што е најавено од страна на Европската фудбалска куќа (УЕФА) на сметата на Српската фудбалска федерација ќе бидат исплатени 12 милиони евра како награда за пласманот на СП.

ВИДЕО: Србија ќе игра на СП во Катар, Митровиќ ги шокираше Роналдо и Португалците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот