Премиерот на Црна Гора ја повика СПЦ на разговор

Премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ ја повика Српската православна црква во Црна Гора, да продолжат разговорите за Законот за слобода на вероисповед.

Како што се наведува во соопштението на службата за односи со јавност на црногорската влада, владиниот тим за преговори околу Законот е подготвен за продолжување на разговорите за наоѓање на прифатливо решение во однос на отворените прашања.

„Ја повикувам Митрополијата црногорска-приморска и другите епархии на Српската православна црква веќе од утре, 20 јули 2020 година, да продолжиме со почнатите преговори на експертско ниво“, порача Марковиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот