Премиерот на Црна Гора: Државата е брутално нападната – опозицијата нуди два излези од кризата: политички и вооружен

Марковиќ не верува во верска позадина на еден дел од СПЦ во Црна Гора, кога вели, ги повикала граѓаните ја јавни собири иако тие се забранети во интерес на јавното здравје.

Црна Гора е изложена на брутален напад, тврди премиерот Душко Марковиќ, говорејќи за немирите кои последните два дена се случуваа во повеќе градови ширум земјата, поради апсењето на владиката Јоаникиј, неколку свештеници и граѓани, со порака владата да ја изврши уставната должност и да ги одбрани националните интереси.

Стравувајќи дека за десетина дена Црна Гора би можела повторно да се најде во иста ситуација во која беше пред два месеци, со голема опасност и последици по здравјето и животите на сите, Марковиќ рече дека смета дека нема разумно објаснување, ниту оправдување за ваквото однесување и неговите актери.

Фото: Принтскрин/Vijesti

– Повеќе припадници на полициските сили, штитејќи го законот, редот и мирот, се нападнати и повредени од екстремисти, рече премиерот.

Марковиќ не верува во верска позадина на еден дел од СПЦ во Црна Гора, кога вели, ги повикала граѓаните на јавни собири иако тие се забранети во интерес на јавното здравје.

– Сведоци сме на уште една груба политичка деструкција насочена против државата, нејзините институции. Сведочиме за однесувањето кое го загрозува јавното здравје, а сето тоа под закрила на одбрана  на верски права и слободи. Сведочиме и за безпримерните повици од собраниските клупи, да се кршат здравствените мерки, без оглед што со тоа се загрозуваат вашите животи. Сетоа ова се случува во време на незапамтена здравствена и економска криза, во моменти кога државата се соочува со многу предизвици за да го зачува она највредното – човекот и неговото здравје, наведе Марковиќ.

Споменувајќи ги наводните закани од политичките партии дека ќе ја блокираат државата и животот во неа, Марковиќ рече дека тоа нема да им биде првпат.

Фото: Принтскрин

Тврди дека владата го почитува и правото и потребата за изразување на верата и одбележување на верски празници, и додаде дека испочитувано е се што е договорено во непосреден разговор кој го имал со митрополитот Амфилохиј.

Марковиќ рече дека владата во текот на епидемијата секој ден регистрирала нови примери на храброст и јунаштво, увидувале дека идеолошките и националните разлики никогаш немало помалку, дека односот на политичките партии и останатите чинители од јавниот живот е одговорен и политички.

– Зошто во тоа не истраепе и Српската православна црква во Црна Гора? Зошто вчера и завчера нејзиниот интерес е спротивен на интересите на граѓаните, а се поклопува со некои други интреси, запраша Марковиќ.

Од друга страна, пратеникот од опозицискиот Демократски фронт Небојша Медојевиќ изјави денеска во парламентот дека два пата водат кон излез од актуелната ситуација во Црна Гора, политички и вооружен.

ФОТО: Screenshot/RTCG

-Постои пат на вооружени судири и пат на политички промени. Нема трет пат – рече Медојевиќ и додаде дека православниот народ на Црна Гора е подготвен да ги брани своите корени.

Тој праша што и требаше на полициајта во Плевља и Никшиќ да го „тепа народот“, наведувајќи дека членот на Движењето за промени Огњен Мијатовиќ е брутално претепан брз повод.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот