Прекрасна видеоприказна за новата песна на Јордан Митев (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

„Жена за 100 години“ е темата за која популарниот фолк пејач и автор Јордан Митев сними и промовираше спот. Како и до сега, така и овој пат, комплетен автор на музиката, текстот и аранжманот е самиот тој.

Освен што сам работи на креирање на своите песни, Јордан во јавноста е познат и по тоа што ги осмислува и режира своите видео спотови, овој пат во соработка со “Арт студио” – продукција.

– Баш пред почетокот на целата оваа криза со пандемијата, некаде околу 8-ми март, ја промовирав оваа песна, која повторно е мое комплетно авторско дело и навистина сум горд на тоа, бидејќи публиката одлично ја прифати. Веднаш после промоцијата на синглот, моравме да ги паузираме и сите планови, вклучувајќи снимање и промоција на спот за песната. Овој период се почуствува дека дел од работите колку-толку се движат кон нормала, па затоа прво сакав да го завршам видеото за оваа песна, пред да се посветам и на останатите проекти. Со „Арт продукција“ ова ми е втора соработка и навистина сум задоволен од нивниот професионален пристап кон работата – вели Јордан.

Како главни актери во видеото се појавуваат познатата манекенка Цеце Орешкова, сега Георгиев, заедно со својот сопруг Кристијан Георгиев, кој исто така е наш познат манекен и нивната ќеркичка Кара Розмари, а е снимено на на неколку локации во Македонија.

– Со песната сакав да биде претставено убаво среќно семејство и истата преку спотот да допре до сите љубители на убавата македонска народна песна. За жал оваа година изминува така како што изминува, пасивно, но јас ветувам пред мојата публика дека ќе се потрудам да реализирам уште неколку проекти кои ги имав планирано до крајот на оваа 2020. Музиката не за џабе рекле дека е лек за се, па затоа сега, во овие времиња, ние сме должни пред нашата публика да не се „предаваме“ и да продолжиме да создаваме -додава Јордан.

Погледнете го видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот