Фото: Креирана илустрација

Прекинати авионските летови во холандскиот град Ајндховен, се појавиле непознати дронови

Сообраќајот во воздухопловната зона на аеродромот Ајндховен, на југот на Холандија, беше прекинат неколку часа во саботата вечерта поради забележани дронови, соопшти холандскиот министер за одбрана Рубен Брецелманс.

Сообраќајот бил обновен околу 23 часот, рече Брецелманс, два часа откако првпат ја објави информацијата за нарушувањето.

„Одбраната презеде мерки. Поради безбедносни причини не може да се сподели дополнителна информација,“ додаде тој.

Холандската војска во петокот навечер користела оружје против дронови забележани над воздухопловната база Фолкел, околу 40 километри североисточно од Ајндховен, соопшти претходно во саботата Министерството за одбрана.

Холандската армија стрелаше врз дронови

„Ајндховен“ функционира и како цивилен и како воен аеродром. Сите видови воздушен сообраќај биле суспендирани, потврди Брецелманс.

На прашањето дали е познато од каде дошле дроновите, Министерството за одбрана немало дополнителен коментар.

Дронови над американската нуклеарна база во Белгија

Во последните месеци, дронови и други нарушувања на воздушниот простор предизвикаа значителни проблеми низ Европа.

Во септември, повеќе од 20 руски дронови влегоа во полскиот воздушен простор, а три руски воени авиони го повредија воздушниот простор на Естонија во траење од 12 минути.

Неидентификувани дронови исплашија холандски војници на воена вежба во Полска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот