Возило на брза помош / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Прегазена е 69-годишна жена на пешачки премин во Кисела Вода

Тешко е повредена 69-годишна жена откако вчера попладне била прегазена на крстосница во скопската населба Кисела Вода, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 06.05.2026 околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Вера Јоциќ“ со ул.„Народни Херои“ во Скопје, патничко возило „опел зафира“ со велешки регистарски ознаки, управувано од И.А.(55) од Велес, удрило во 69-годишната М.Д. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Д., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“ информираа од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Кривични и за родителите на девојчињата што учествуваа во инцидентот во Ѓорче Петров

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот