Предупредувањето на Конте вроди со плод, Тотенхем го прегази Лидс

Хари Кејн го предводеше Тотенхем до убедлив триумф над Лидс/ фото: EPA-EFE/ANDREW YATES

Фудбалерите на Тотенхем експресно реагираа по зборовите на нивниот менаџер Антонио Контеи со убедливи 0:4 славеа на гостувањето кај Лидс во 27 коло од Премиер лигата.

Конте беше лут како рис по поразот на неговиот тим од Барнли пред три дена и се закани дека може да си замине од Тотенхем кого го нарече неамбициозен тим, а одговорот од фудбалерите дојде денеска кои убедливо го победија Лидс кој се наоѓа во лоша форма.

Тотенхем сите дилеми ги реши во првите 27 минути кога поведе со 0:3. Резултатот го отвори Мет Доерти, а потоа му асистираше на Дејан Кулушевски во 15 минута, за Хари Кејн во 27 минута да ги реши дилемите околу победникот.

Конечниот резултат го постави Хјонг-Мин Сон во 85 минута. Тотенхем по победата, има 42 бода за седмо место на табелата, додека Лидс остана на 15 позиција со 23 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот