Пред вечерашниот концерт на Тони Цетински: Пазарни инспектори во посета на „Интермецо“

Инспектори од Државниот пазарен инспекторат го посетија кафе барот „Интермецо“ каде за вечерва е најавен концерт на хрватската музичка ѕвезда Тони Цетински. Засилената теренска обиколка на инспекторите доаѓа по двата концерта во петокот и синоќа на српскиот пејач Владо Георгиев во „Мош“ што наидоа на лавина критика во јавноста.

– За здравјето на гостите не можам да гарантирам, но можам да гарантирам дека во објектот се почитуваат пропишаните здравствени протоколи, вели менаџерот на „Интермецо“, Константин Влахо, поранешен фудбалски судија и екс-тренер на Работнички.

Владата на вечерашната седница ги прифати предложените мерки на Комисијата за заразни болести кои предвидуваат забрана за гостување на пејачи и ди-џеи во сите угостителски објекти, ограничување на јачината на музиката до 55 децибели и намалување на бројот на лица кои може да седат на една маса во угостителски објект од сегашните 12 на четири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот