ПРАЗНИК ЗА ОЧИ! Саемот за суперавтомобили во Дубаи! (ВИДЕО)

На едно место можете да ги погледнете и купите речиси сите спортски суперавтомобили кои можете да ги замислите.

За љубителите на суперавтомобилите, Дубаи е една од најдобрите дестинации. На улиците на овој град може се видат сите најлуксузни и најскапи спортски модели, а многу од нив се наоѓаат и во возниот парк на локалната полиција.

Сите барања на богатите купувачи во Дубаи ги исполнува најголемиот продавач на суперспортски и лускузни возила во овој град, „VIP Motors UAE“. Покрај актуелните модели, во овој продажен салон може да се видат и некои суперавтомобили кои повеќе не се произведуваат, а интересно е што многу од нив се застапени со 2, 3 или 4 примероци.

На пример, тука се два автомобила „Mercedes-Benz SLR McLaren“, легендарниот модел кој одамна не се произведува, додека актуелниот „Ferrari 812 Superfast“ е застапен со дури четири примероци.

„Porsche 918 Spyder“, кој во периодот 2013-2015. година се произведуваше во ограничена серија од само 918 возила, во салонот на „VIP Motors UAE“ е застапен со 3 автомобили, а тука се и трите „Lamborghini Aventador SVJ“.

Во ова продажно место не недостасуваат ниту скапоцените „SUV“ автомобили и теренци, меѓу кои е и „Mercedes-Benz G500“, но и „Maybach Landaulet“, додека „Lamborghini Urus“ може да се види во 4 примероци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот