Правда за Албина: Хрватите покренаа петиција за повторно пребројување на гласовите

Фото: Јутјуб

Не стивнуваат коментарите за настапот на хрватската претставничка Албина Грчиќ во полуфиналето на Евросонг. Многу странци застанаа во нејзина одбрана откако таа не се пласираше во финалето.

На страницата „Community SumOfUs Petitions“ покрената е петиција за повторно пребројување на гласовите.

Петицијата под називот „Правда за Албина – пребројување или директна квалификација“ досега ја потпиша повеќе од 1000 лица.

Фото: Принтскрин

„Албина очигледно е ограбена поради тоа што Хрватска е мала земја и поради другите политики кои влијаат на Евросонг, а се случуваат веќе неколку години наназад. Тоа мора да престане“, пишува во описот на оваа петиција.

Да се потсетиме, испаѓањето на Албина од Евросонг е главна тема на Твитер и предизвика голем бес во Хрватска, поради што реагираше дури претседателот на Хрватска и изборот за песна на Евровизија го нарече измама.

Видео на денот