Пратеникот на СПС кој гледаше порно филм во Собрание поднесе оставка, си оди и потпретседателот на Собранието

Пратеникот на српските социјалисти Звонко Стевиќ поденсе оставка на функцијата откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како гледа порно филм за време на седницата за Косово. Сепак, засега останува непознато дали оставката е морален чин или причината за неа е сѐ поизвесното распаѓање на коалицијата на српските социјалисти со владејачката СНС.


Во исто време оставка даде и Пратеничката на Социјалистичката партија на Србија потпретседателка на Собранието Снежана Пауновиќ

За потсетување, белградските медиуми вчера објавија дека претседателот на Српската напредна партија Александар Вучиќ на состанок на раководството на партијата рекол дека е подготвен да оди на избори како кандидат за премиер, и дека нема да попушти под уцените ниту од Запад, ниту од СПС, ниту пак од , како што ги нарече лажните српски десничари“.

„Многу сум разочаран од однесувањето на социјалистите кои беа некаде измеѓу, сакајќи да им угодат на сите“, ги пренесуваат српските медиуми зборовите на Вучиќ.

Вучиќ оценил дека СНС била сама во одбрана на државните интереси на седницата на Собранието за Косово.

Медиумите блиски до власта синоќа објавија дека гласањето може да се одржи во септември.

ВИДЕО: Пратеник на српските Социјалисти гледал порнoграфска содржина за време на собраниска дискусија за Косово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот