Пратениците на ЛДП и ДОМ нема да гласаат недоверба на Владата

Маја Морачанин ДОМ и Горан Милевски ЛДП Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ЛДП и ДОМ не би преземале чекори со кои ќе се загрози европската перспектива на државата. На прашањето до пратениците Моника Зајкова и Боби Мојсоски од ЛДП дали ќе ја поддржат иницијативата за гласање недоверба на Владата за “Фокус” изјавија дека не би гласале недоверба на нивниот претседател кој е актуелен министер за локална самоуправа во Владата.

И Маја Морачанин од ДОМ потврдува дека нема да гласаат недоверба на Владата.

Претходно и Демократски сојуз потврди дека нема да учествуваат во политичка Влада со ново парламентарно мнозинство од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан МицкоскиПавле Трајанов рече дека не треба нов процес, нови избори, ново усогласување за соработка со други политичи партии.

– Доколку не може да се избере нова Влада, тогаш неминовни се нови предвремени парламентарни избори. Нивното организирање од пржинска влада е политички договор вметнат во законот, но, според мене, таква влада и не мора да се формира бидејќи Уставот не ја препозната а тој е највисок акт – истакна и Тито Петковски.

ВМРО НАРОДНА партија исто потврди така не ја поддржува иницијативата за гласање  недоверба на владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот