Прада - Илустрација/Фото: Инстаграм

„Прада“ ќе лансира ограничена колекција сандали произведени во Индија, секој пар по цена од 800 евра

Италијанската луксузна модна куќа „Прада“ во февруари 2026 година ќе претстави ограничена колекција сандали кои ќе бидат произведени во Индија, соопшти извршниот директор на компанијата Лоренцо Бертели во интервју за „Ројтерс“. 

Секоја пар чевли ќе се продава по цена од околу 800 евра (околу 930 долари), и ќе се произведува во соработка со локалните занаетчиски организации во деловите Махараштра и Карнатака.

Колекцијата комбинира елементи од традиционалната индиска обувка „Kolhapuri chappals“ рачно изработени кожни сандали со вековна традиција  со италијански производни техники.

Оваа иницијатива следи по критиките што „Прада“ ги доби пред околу шест месеци откако на „Milan Fashion Week“ прикажа сандали слични на „Kolhapuri chappals“ без да ги именува или кредитира нивните индиски корени. Фотографиите од ревијата станаа вирални, предизвикувајќи незадоволство меѓу индиските занаетчии и политичари, што резултираше со јавно признавање од страна на „Прада“ дека дизајнот бил инспириран од древните индиски мотиви.

Според Бертели, проектот ќе ги комбинира стандардните способности на оригиналните производители со техничките вештини на „Прада“, а планираното лансирање ќе биде глобално во преку 40 „Прада“ продавници ширум светот и онлајн продажба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот